Социјадемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

Во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе се најде пред европратениците е можно да влезе и бегството на екс премиерот Груевски и азилот кој Унгарија му го одобри. Откако Групата на европските социјалдемократи и на зелените  поднесоа амандмани со кои се бара да се преиспита азилот кој  Унгарија му го даде на Греувски и да го екстрадира, а за судењето на поранешниот македонски премиер да се констатира дека било темелно и транспарентно.

Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат  Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, истакнува дека овие судски процеси не треба да се политизираат,  се наведува во едниот од двата амандмани на  социјалдемократите.

Во другиот се бара во Извештајот да биде нагалсено дека, Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор во по транспарентен судски процес, оти пресудата е потврдена од повеќе судови  и оти е обвинет и инволвиран и во други кривични истраги.

Амандман поднесоа и Групата на Зелените преку кој ги повикуваат унгарските власти да ги обезбедат сите релевантни информации и објаснувања во врска со случајот на Груевски кој, како што се наведуваат, избегал од земјата со тајна дипломатска помош на Унгарија. За ваквиот амандман, кој се смета за преостар, според неофицијални информации ќе биде потешко да се обезбеди поддршка од европаралментарците, додека за амандманите на социјалдеморкатите се очекува мнозинска поддршка, вклучително и од Европската народна партија.

Унгарија и пред два месеци се најде на тапет на Европскиот парламент, откако мнозинството европратеници го поддржаа барањето за активирање на членот 7 што би можело да доведе до суспензија на правото на глас на Унгарија во ЕУ. Тогаш владата на Орбан беше посочена дека замолчува независни медиуми, за активности против невладини организации и за отстранување независни судии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.