Софија Кенин нова шампионка на Австралија Опен

01 February 2020. EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Американката Софија Кенин е победничка на првиот сезонски грем слем турнир, Австралија Опен, откако во саботата ја совлада шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза.

Рангираната под бр. 14, американската тенисерка Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен. 21-годишната Американка со потекло од Москва направи импресивен пресврт во финалето со Гарбине Мугуруза и ја совлада поискусната Шпанка со 4:6, 6:2, 6:2. Така, таа стана најмладиот шампион во Мелбурн од 2008 година.

Поранешната бр.1 во светот, Мугуруза стигна до финалето како непоразена, а меѓу нејзините „жртви“ на патот кон мечот за титулата беа Елина Свитолина, Кики Бертенс, Анастасија Павлученкова и Симона Халеп.

Кенин, од друга страна, се справи со 15-годишното дете-чудо, Кори Гоф и лидерката на ВТА листата, Ешли Барти за да се пласира во финалето, а денес се поздрави со уште поимпресивна и важна победа.

Ова беше втор натпревар помеѓу Мугуруза и Кенин, откако Американката ја совлада Шпанката по втор пат, откако го стори тоа во првото коло на турнирот во Пекинг во септември 2019 година.

Кенин освои гренслем турнир првпат во својата кариера, на претходните турнири од серијалот „Гренд слем“ таа не мина подалеку од четвртото коло (во 2019 година, Кенин влезе во четвртото коло на францускиот шампионат). Пред почетокот на Австралија Опен, таа беше на 15-то место на рангот на ВТА, со три титули турнири што се одржуваат под покровителство на организацијата. Благодарение на денешната победа, Кенин ќе влезе во првите десет првпат во својата кариера, ќе се искачи на седмата позиција  на табелата, чија ажурирана верзија ќе биде објавена во понеделник.