Софијанова: Две деца се примени со симптоми на синдромот Кавасаки, кој се поврзува со коронавирусот

Во земјава, последните два месеца се регистрирани две деца со симптоми слични на Кавасаки синдромот, или познат како „Kawasaki-like“, вели д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје. Едното дете било на осум, а другото на петгодишна возраст.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека ја испитува можната врска помеѓу Ковид-19 и болеста Кавасаки. Форма на заболување близу до болеста Кавасаки предизвика прв смртен случај на дете во Франција.

„Првичните хипотези се дека овој воспалителен синдром може да биде поврзан со Ковид-19. Ги повикуваме сите медицински лица во светот да работат заедно со властите и со СЗО за да анализира подобро тој синдром кај децата. Од суштинско значење е итно да се проучат карактеристиките на синдромот со цел да се најде причинско-последична врска и да се презентираат третмани за лекување“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.