Софијанова: Никој не сакал да краде, направена е административна грешка со дежурствата

Јас сум човек со морал, а дали е ова добро или лошо ќе покаже времето, вели ексдиректорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, во вечерашното гостување на Телма, за оставката која ја поднесе откако Клан Тв објави прилог и ја обвини дека правела злоупотреби со дежурствата.

Софијанова вели дека во периодот на короната не ни била на службен пат, туку дека сега била на едно патување, за кое, како што објаснува, се крена прашина.

Таа се пофали дека во нејзините два мандата имала направено четири реорганизации на Клиниката.

– Нема да се пожалам во делот кој го добивавме од Фондот за здравствено осигурување, бидејќи буџетот беше релативно солиден –  рече таа.

За коефициентот за дежурствата рече дека претходно успеале да го покачат за луѓето кои работат на интензивна. Вели дека тоа е многу сложена работа.

– Брутото и нетото не се исти. Вкупно во месецот јас сум имала 2-3 или некогаш и 4 дежурства – рече Софијанова.

За новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу, кажа дека добил документи на кои имало нејзини лични податоци, што ја шокирало и вели дека народот бил доведен во заблуда.

– Никој не сакал да краде, тоа е чисто административна грешка – кажа Софијанова за вишокот кој бил исплатен, но таа го вратила назад.

За ова вели дека не е нејзина грешка, туку се работи за административна грешка.