Софија задоволна од Скопје – Македонија подготвена да го отпише Гоце Делчев

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја поздравува изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин.

„За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања! Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја, пишува Ковачев на социјалните мрежи.

Пораката од Пендаровски ја поздравува и Ангел Џамбазки кој е европратеник и заменик претседател на бугарската ВМРО, тој вели дека изјавата на македонскиот претседател е добар чекор против 50 години бесно антибугарство .

„Ова е голем чекор напред. По години на фалсификати, по години на фалсификувана кражба на бугарската историја, на безобразни злоупотреби, актуелниот претседателот на братската Македонија вели дека е историскиот факт -дека Гоце Делчев е Бугарин. За нас не постои сомнеж – поимот ‘македонска нација’ има свој датумот на раѓање – 2 август 1944 година во манастирот” Прохор Пчински ” кој понатаму беше наметнат со националното предавство на некои лидери во Софија по 1944 година“, вели Џамбазки за бугарските медиуми.

Историчарот Стефан Влахов Мицов вели дека желба на Делчев била неговите коски да бидат погребани во слободна Македонија.
Во јавноста се наметнува прашањето зошто доколку Делчев бил бугарин би сакал да биде закопан во Македонија.