Согласност со Бугарија за учебниците по историја до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева ја потврдиле неопходноста историчарите од двете земји во заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања да ја забрзаат својата работа.

На денешната средба во рамките на состанокот на државите од Црноморска економска соработка двајцата соговорници се согласиле дека до крајот на годинава треба да бидат донесени одлуки за важни теми од „заедничката историја“, вклучувајќи ја и содржината на учебниците.

Захариева во својство на домаќин на средбата ја повторила поддршката за пристапувањето на Македонија во Европска унија, но стриктно ќе го следи исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во текот на целиот преговарачки процес.