Сојузот на извидници доби „Повелба на Република Македонија“

88

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва на Сојузот на извидници на Македонија му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“, по повод   65 години од неговото основање како самостојно здружение на граѓани за деца и млади, а особено за исклучителниот придонес за развојот на младите луѓе во Македонија преку промовирање на извидничките вредности и принципи.

На отворањето на Европската извидничка академија, претседателот Иванов истакна дека Сојузот на извидници на Македонија има значаен придонес во правилното воспитување и образование на илјадници млади луѓе во нашата татковина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.