Сојузот на Ромите до Ременски: Ќе дојде 5-ти јуни и ќе заврши хаосот којшто го создадовте!

Ќе дојде 5-ти јуни и ќе заврши хаосот којшто го создадовте! Од Сојузот на Ромите од Македонија преку писмено соопштение најостро го осудија популизмот на времената техничка министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Оттаму велат дека Ромите треба да се посетуваат постојано, а не само пред избори кои ќе се одржат на 5-ти јуни и на кои избори Ромите ќе гласаат за оној кој што има Програма за Ромите и кој што инвестира во Шуто Оризари а тоа е ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ само во последните неколку години инвестираа во Шуто Оризари неколку милиони евра, а СДСМ 50 години една чешма не изгради во Шуто Оризари.

Само да ја потсетиме времената техничка министерка дека најголем дел од тие социјални корисници се токму технолошкиот вишок кој што беше создаден во време на Вашето дискриминаторско владеење и каде Ромите беа први на „отстрел“ во тие компании. Ќе ја потсетиме времената техничка министерка Ременски чиј мандат ќе заврши на 5-ти јуни дека не треба да манипулира со ромската популација дека таа ќе им овозможи повторно да примаат социјална парична помош, туку треба да одговори на прашањето зошто нејзините незаконски поставени в.д. директори незаконски им ги кратат социјалните парични надоместоци само на припадниците на ромската заедница. Дали Вие ќе ја сносите одговорноста како времен технички министер со ограничени овластувања за незаконското потпишување на решенија од неовластени лица за кратење на паричните надоместоци. Ќе дојде 5-ти јуни и ќе заврши хаосот којшто го создадовте со Вашето доаѓање како времен технички министер за труд и социјална политика, велат од Сојузот на Ромите.

Оттаму потсетуваат дека само во изминатите 7 години, доделени се над 3.000 стипендии на средношколци Роми, изградено и ставено во функција е ново средно училиште во општина Шуто Оризари, а доградени се и постоечките две основни училишта за кои СДСМ во текот на нивното владеење не инвестираше ниту денар.

Ромите никогаш нема да ги заборават неправдите направени во времето на владеењето на СДСМ и секогаш ќе бидете казнети со едно големо НЕ за СДСМ, порачуваат оттаму.