Сојузот што ја поддржа CDU ја победи AfD во Герлиц, во Рошток прв странец избран за градоначалник

Данецот Клаус Рухе Мадсен, градоначланик на Рошток, првиот странец на чело на германски град

Кандидатот на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, кој беше поддржан од социјалдемократите, зелените и левицата, за градоначалник во источното гратче Герлиц го победи кандидатот на евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) и ја спречи во обидот да го освои првиот градоначалнички мандат во земјата, а во балтичкиот источен град Рошток, државјанин на Данска е првиот странец избран за градоначалник на германски град.

Себастијан Випел од AfD беше поразен од Октавијан Урс од CDU, покажуваат прелиминарните резултати објавени во неделата вечерта. Истовремено, како што пренесува германската службена новинска агенција DPA, според првичните резултати, северноисточниот балтички град Рошток го доби првиот градоначалник кој нема германски пасош.

Резултатите од гласањето на најистичното германски гратче Герлиц, на границата со Полска, за какви се залагаа во отворено писмо и холивудски актери и филмски работници на кои им стана омилено место и каде што се снимаа сцени од многу филмови, меѓу кои и „Inglorious Basterds“ или „Grand Hotel Budapest“, се сметаат за испитување на тербнот пред сојузните избори во Саксонија и Бранденбург на 1-ви септември. Но овој резултат покажува и дека AfD има голема поддршка и е веќе третата политичка сила на сојузно ниво.

Со победата на кандидатот на CDU во Герлиц, Меркел може малку да здивне, откако нејзината коалиција на сојузно ниво со социјалдемократите SPD е тешко потресена од големите порази на изборите за Европскиот парламент кон крајот на мај, пишува агенцијата Reuters.

На исходот од неделните избори се израдуваа силно демохристијаните на Меркел. „Ова е извонреден успех и дава ветер в грбот“, изјави генералниот секретар на CDU, Паул Зјемак.

Според прелиминарните резултати од Рошток, Клаус Рухе Мадсен, бизнисмен од Данакса, освоил 57,1 отсто од гласовите. Со тоа го победил противкандидатот Штефан Бокхахн од крајната лева партија Левица (Die Linke), кој освои 42,9 отсто од гласовите. Во 1992 година 46-годишниот Мадсен се доселил во Германија и живее во Рошток. Овој независен кандидат шест години беше на чело на локалната трговска комора, и водеше кампања на ветувањата за „прагматична“ политика и силно инсистирајќи на еколошките прашања.