Солари незадоволен од своите играчи, бара внимателност против Леганес

Реал Мадрид треба да се претставува поубедливо, особено во почетокот на натпреварите, изјави тренерот на тимот Сантијаго Солари.

Европскиот клупски шампион се претставува доста под своите можности од почетокот на сезоната, а во последните два натпревари во првенството допушти реми и пораз, откако и во двата натпревари прими голови уште во првите 5 минути.

– Треба да бидеме внимателни во почетните минути на натпреварите. Играчите се свесни дека таму дозволивме многу слабости и дека треба да се подобри тоа, рече Солари.

На играчите на Реал Мадрид им претстои натпревар со Леганес за Кралскиот Куп утре, а Аргентинецот го определи претстојниот ривал како многу опасен во контранапад.

– Леганес е многу солиден и борбен тим, па ќе мора да внимаваме со нивната игра на контранапад. Освен тоа треба да ги реализираме шансите, кои ни се откриваат, прокоментира уште Солари.

Учество во претстојниот натпревар може да земе и Брахим Дијаз, привлечен вчера од Манчестер Сити, но тоа зависи најмногу од регистрирањето на играчот на време во Шпанската фудбалска федерација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.