Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, жали за синоќешната испуштена победа на гостувањето кај Вилјареал.

Реал не успеа да победи кај Вилјареал, иако на неколку минути до крајот на средбата, имаше водство од 1:2, но мотивираниот Санти Казорла не сакаше да дозволи гостите да заминат со полн плен, па со неговиот втор гол на натпреварот, изедначи на 2:2 за поделба на бодовите.

Победата беше во наши раце. Моравме да постигнеме повеќе голови и порано да го решиме мечот. Но наместо тоа, противникот во последните десет минути го изедначи резултатот. Бејл го напушти теренот поради повреда. Модриќ беше сменет. Тој имаше грип, не можеше да игра иста 90 минути подеднакво енергично. Му благодарам на него. Неговата замена беше планирана. Иско одигра многу добро. Многу сум задоволен од неговата игра, изјави Солари.

По 17 рунди Реал Мадрид е на 4-то место со 30 бода, односно седум бода помалку од лидерот Барселона.