Соларна енергија и ветерници за надминување на енергетската криза во државата

Не можам да зборувам за употреба на нуклеарна енергија за држава како што е Македонија, бидејќи е мала и опколена со други мали држави.

Комбиниран модел од соларна енергија и ветерници за производство на електрична енергија, можеби е најдоброто решение за надминување на енергетската криза во државта, смета македонскиот научник и професор на универзитетот „Њујорк“ во Абу Даби, Панче Наумов.

Македонија, забележа, е во специфична ситуација, бидејќи изворите на енергија не се еколошки. За изградба на нуклеарна централа, смета дека е мала држава, но, доколку постои политичка волја може да се изнајде заедничко решение со земјите од регинот.

– Не можам да зборувам за употреба на нуклеарна енергија за држава како што е Македонија, бидејќи е мала и опколена со други мали држави. Можеби треба на политичко ниво да се постигне консензус, заеднички да се снабдуваме со исти енергетски извори, истакна Наумов, кој меѓудругото во Обединетите арапски емирати предава и предмет поврзан со одржлива енергија.

Според него, постојат компетентни институции, како МАНУ и Владата кои се занимаваат со оваа проблематика и верува дека ќе го изнајдат вистинскиот пат за во иднина полесно да се справуваме со енергетски кризи каква што е актуелната поради војната во Украина.

Иако ОАЕ, земјата каде што живее дестина години е пустина и изобилува со сончева енергија, изградбата на сончеви колектори не било одржливо решение, бидејќи истражувањата покажале дека неможе да ги задоволат потребите, па затоа изградиле нуклеарна централа.

– ОАЕ пред три години изгради нуклеарна централа. Првиот погон е ставен во употреба, а вториот се тестира. Тие заклучија дека сепак нукеларната енергија која се смета како најчиста енергија (не и еколошки), е најефикаесен начин на енергија. Само 10 отсто, а може и помалку од енергијата на ОАЕ се добива од соларни системи, посочи Наумов.

Правот со кој изобилува пустината, додаде, предизвикувал проблем во производството на соларна енергија, за што лабараторијата со која раководи создала материјали, што ќе ја одбиваат прашината од сончевите колектори.

– Песокот и правот се наталожува на соларните ќелии и после две недели се намалува ефикасноста за 40 отсто. Многу едноставен проблем има големи последици, што ја намалува ефикасноста. Истражувањата насочени да создадеме материјали кои ќе бидат ставени на површината на тие соларни ќелии и ќе овозможат чистење на површината од ќелиите од правот, односно ќе одбиваат прашина и не дозволуваат да се наталожи, појасни македонскиот научник со светско реноме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.