Соледар – Зеленски тврди дека борбите продолжуваат, Пригожин објави негово „ослободување“

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во средата вечерта дека продолжуваат борбите за стратешкиот важен град Соледар на границата од отцепениот проруски регион Доњецк на истокот на Украина, за кој основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, истовремено објави дека е целосно под контрола на русите единици со големки загуби на украинската страна.

„Терористичката држава и нејзините пропагандисти се обидуваат да измамат дека го освоиле Соледар, но борбите продолжуваат. Правиме сѐ за да ја зацврстиме украинската одбрана без никакви прекини, дури на ниеден ден во Доњецк каде линијата на одбраната се држи“, тврдеше Зеленски во своето вечерно обраќање.

Генералштабот на вооружените сили на Украина, исто така, претходно објави дека борбите во Соледар продолжуваат. „Борбите продолжуваат“, стои меѓу другото во кусото соопштение од Киев.

Истовремено Пригожин, претприемач близок на Кремљ, на официјалниот профил на службата за односи со јавноста на воената компанија „Вагнер“ објави дека руските сили целосно го контролираат Соледар.

„Уште еднаш сакам да го потврдам целосното ослободување и чистењето на територијата на Соледар од единиците на украинската армија“, објави Пригожин.

Според него, од градот кој од предвоената бројка на население од околу 75.000 сега до почетокот на руската офанзива останале околу 10.000 луѓе, биле евакуирани сите цивили.

Пригожин притоа тврди дека руските сили, од кои ударната сила во борбите за Соледар и блискиот град Бахмут ја сочинуваат токму борците на „Вагнер“, „уништиле“ околу 500 украински војници коишто одбиле да се предадат.

Во текот на денот, како што соопшти претходно во средата руското Министерство за одбрана, руските сили успеале да ја преземат контролата врз селото Подгорноје во непосредна близина на Соледар. Според истиот извор, чии известувања не можат да бидат потврдени од независни извори, во селото во борбите загинале 80 украински војници, бил уништен еден тенк, три оклопни борбени возила и уште две воени возила.

Нема информации за загубите на руската страна, но Киев, кој исто така, не известува за сопствените загуби, тврди дека во борбите во областа на Соледар загинале неколку стотици руски војници.

Руската војска презема последните месеци офанзива кон Бахмут и Соледар за преземање на контролата на целата територија на ткн Доњецка Народна Република во рамките на административните граници пред превратот во Киев во 2014 година. Со тоа ќе се создаде правец за напредување на руските единици кон важниот комуникациски и сообраќаен јазол во градовите Краматорск и Славјанск, како и кон централна Украина.