Солидарни за срцето на Скопје: Собир за Универзална сала во четврток во 20 часот

На 6 август – четврток, во 20 часот пред платото на Универзална сала, да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје – порачаа денеска на Фејсбук од Заедницата Градот убав.

Организаторот ги замолува граѓаните коишто ќе присуствуваат на овој настан, да ги почитуваат мерките за дистанца и да носат маски.