20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Солна киселина истекла од цистерна во околината на Гази Баба

Инспекторатот на Град Скопје вечерва интервенирал во околината на фабриката МЗТ, од каде било констатирано дека истекла солна киселина од цистерна.

-По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување, соопштија од Инспекторат на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.