Солскјер свесно го ослаби тимот, ова е најлошиот состав на Јунајтед

451

Манчестер Јунајтед и во оваа натпреварувачка сезона игра далеку под своето реноме како во Англија така и во Европа, а со тоа одново ја разочара големата база на свои навивачи.

Оле Гунар Солскјер беше доведен минатата кампања да ги поправи работите, да донесе свежа крв, меѓутоа освен првите неколку недели каде Јунајтед ја крена својата форма и бележеше одлични резултати, тимот повторно падна и има многу променливи настапи.

Поради ова постои незадоволство и критики на адреса на Солскјер за тоа како си ја работи својата задача, а Мајкл Овен отиде понатаму и го посочи овој сегашен состав на Јунајтед меѓу најлошите во историјата.

-Би кажал дека овој тим на Јунајтед е за средина на табелата, мислам дека нема да бидат во топ 6. Во првата половина е веројатно, но загрижува само фактот што го водиме овој разговор, зар не? Ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед со децении, зарем не? Уште пред да го преземе сер Алекс Фергусон. Ова се случува веќе неколку години. Можеби пет, шест, седум, осум години размислувавте „не може да биде полошо“, а тоа е така. Поентата што сакам да ја кажам е дека на многу начини, Оле Гунар Солскјер свесно го ослаби својот тим. Се ослободи од играчи како Лукаку, Ерера, Дармијан, Санчез, Смолинг. Тој знае дека со тие играчи може да го подобри тимот, но мислам дека тој го зазеде ставот дека треба да направите неколку чекори наназад за да се придвижите напред. Тој тоа го стори намерно размислувајќи, мора да се ослободиме од играчите, тие веројатно се подобри од она што го имаме, но дали ќе не одведат до таму каде што сакаме да одиме? Одговорот е „не“, тогаш почнувате од нула и мислам дека тоа го направи Солскјер, -истакна Овен за „БТ Спорт“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.