Солскер во игра за нов менаџер на Кардиф

Сопственикот на новиот англиски премиерлигаш Кардиф Сити, Винсент Тан, експресно ја демантираше последната новинарска шпекулација дека испразнетата менаџерска фотеља му е понудена на поранешниот селектор на Англија, Свен-Горан Ериксон.

Близок извор до клубот потврди дека познатиот бизнисмен не сака соработка со познатиот сведски стручњак, а негова најголема желба, кога е во прашање менаџерската фотеља е поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Норвешка, Оле Гунар Солскер.

Името на новиот менаџер на Кардиф Сити најверојатно ќе биде познато на стартот од новата, 2014 година.