Сомнително писмо во американска база, 11 лица на лекарско набљудување

Писмо коешто содржело непозната супстанца е отворено во вторникот во американска воена база во близина на Вашингтон, по што единаесет лица почнале да се чувствуваат лошо и се префрлени во болница на натамошни испитувања, соопштија воени извори.

Писмото било адресирано на базата „Маер Хендерсон Хол“, во близина на американската престолнина, од којашто една зграда е евакуирана.

„Повеќе маринци се наоѓаат на лекување по овој инцидент, а истрагата е во тек“, објавено е на Twitter.

Противпожарната служба објави дека „единасет лица почнале да чувствуваат тешкотии по отворањето на писмото“ во базата.

„Засега е прерано да се носат какви и да се заклучоци и треба да се причека додека не биде спроведена истрагата“, изјави за медиумите портпаролот на американските маринци Брајан Блок.

Припадници на заедничката база на полицискиот оддел работат заедно со тим на HAZMAT, на морнаричката истражна служба NCIS и на Федералното биро за истраги (FBI), пренесе телевизиската мрежа ABC News. Писмото е однесено во лабораториката во Квантико за натамошно испитување.