Сонцето влезе во нов 25-годишен циклус

Научниците објавија дека Сонцето влезе во нов 25-годишен циклус и дека ќе влезе во периодот одбележан со поголем број ерупции и дамки.

Сонцето изминатите девет месеци ја засили активноста, излегувајќи од периодот на минималната активност, соопштија во вторникот експертите од германскиот Институт „Макс Планк“ за истражување на Сончевиот систем (MPS).

Сонцето се движи во 11-годишен циклус на максимална и минимална активност. Според астрономските набљудувања, од 2018 година соларната активност започнала да паѓа, а во февраури 2019 година нивото на краткобрановите зрачења било толку мало што не го регистрирале интументите на Земјата. Пресметките на научниците покажуваат дека својот соларен минимум ѕвездата го имала во декември минатата 2019 година.

Следниот 25-годишен циклус веројатно ќе биде исто така „питом“ како и претходниот, предвидуваат во Институот, а најактивниот период се очекува меѓу ноември 2024 и март 2026 година.

„Во текот на изминатите осум месеци, актовноста на Сонцето постепено се зголемуваше, што укажува дека влеговме во 25-от соларен циклус. Тој, според пресметките, навестува дека ќе биде со иста моќност како и претходниот 24-от. Максималната сончева аткивноста се очекува во јули 2025 година, а во пикот ќе достигне 115 сончеви дамки“, објави NASA.

Односно, според експертите, следниот пик на сончевата активноста веројатно нема да го надмине максимумот од 24-от циклус, кој беше забележително понизок од претходниот. Ваквата прогноза е смирувачка, бидејќи и покрај тоа што нашата планета е заштитена од влијание на настаните на Сонцето со магнетното поле, најмоќните блесоци предизвикуваат геомагнетни бури. Вторите имата влијаени врз однесувањето на луѓето.

Настаните на површината на Сонцето влијаат и врз нашата планета. „Во фазите на висока активност насилните блесоци од честичките и радијациите од Сонцето може да се почувствуваат на Земјата“, вели научникот од MPS, Роберт Камерон. Во најлош случај, сончевите бури може да предизвикаат технички тешкотии, на пример проблеми на сателитите, попречувања на телекомуникациите и снабдувањето со електрична енергрија. Загрозени може да бидат и астронаутите.

Новиот соларен циклус е 25-от откако научнициет почнале да ги следат. Иминатите триесет години американска агенција за вселенски истражувања NASA и агенцијата за проучување на океаните и атмосферата NOAA имаа група експерти кои ја предвидуваат сончевата активност за следните години.

„Предвидувањето не е лесно, бидејќи однесувањето на нашата ѕвезда го карактеризира необична меѓуигра на сигурност и каприциозност“, велат од MPS.

Циклусите на соларната активност ги открил швајцарскиот астроном Рудолф Волф во 1843 година. Тој утврдил дека нивното времетраење е околу 11 години и ја проследил историјата на сончевата цикличност до 1749 година. Оваа година астрономите ја сметаат за почетокот на циклусот под условната бројка еден, така што според ескепртите сега започна 25-от циклус.

Активноста на Сонцето се манифестира во вид на поголем број дамки, зони со моќни магентни полиња, блесоци на рентген зраци и емисии на плазма во сончевата корона. Научниците забележале дека на почетокот на секој нов циклус, дамките се појавуваат поблиску до половите на Сонцето и на крајот потонуваат во екваторот. Како на подвижна лента, во текот на неолку години огромите меридијални плазматски потоци ги пренесуваат локалните магентни полиња од екваторот до половите. На половите, плазмата се спушта во внатрешноста на Сонцето, каде што се движи назад кон екваторот. Секоја ваква активност трае 11 години, и претставува физичката основа на сончевиот циклус.