Сончево и малку потопло, од понеделник пресврт

Во сабота и недела времето во земјата ќе биде стабилно и суво со температури над просекот за овој период од годината, но од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и појава на грмежи.

Времето во саботата ќе биде малку потопло, со слаб до умерен југозападен ветер, а температурата ќе биде во интервал од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во текот на целиот викенд времето ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Во понеделник сѐ уште ќе е топло, но ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните делови. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер и преку денот ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд.

Од вторник ќе е посвежо, а утринските температури ќе бидат во постепено опаѓање, а следните денови ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка.