Сончево и топло со температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 12, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 26 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.