Сончево и топло со температури до 29 степени

35

Во поголемиот дел од земјата времето во недела ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Кон крајот на денот и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 22 до 29 Целзиусови степени.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, а попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата од 9 до 28 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. Засилен јужен ветер ќе дува и во вторник, но условите за нестабилност тогаш ќе се намалени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.