Сончево и топло време со температура до 37 степени

Сончево и топло време не очекува во текот на денешниот ден. Ќе има мала до умерена облачност и слаб до умерен, а долж Повардарието и во западните делови повремено и засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 31 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Mинималната температура 18, а максималната до 36 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во вторник, кога максималната температура ќе се движи од 32 до 38 степени. Од средината на неделата во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на  краткотраен пороен дожд и грмежи.