Сончево и многу топло со температура до 38 степени

Сончево и многу топло време не очекува во текот на денешниот ден, во планинските региони со мала облачност. Во северните делови ќе дува слаб североисточен ветер, а во останатите делови ветерот ќе е променлив.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималната меѓу 31 и 38 степени. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе достигне до 9.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе биде 19, а максималната 35 степени Целзиусови.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во понеделник попладне ќе има зголемена облачност и повремено умерен ветер. Во вторник и во среда претежно во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и повеќе ветер.