Сончево со мала до умерена локална облачност, промена на времето од викендот

Времето во Македонија во средата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 8.

Максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 29 Целзиусови степени во планинските области на западот и истокот од земјата, меѓу 30 и 32 степни во охридско-преспанскиот и пелагонискиот регион, до 37 степени на југот.

Во Скопје и околината, како и во централните региони температурата ќе достигне до 34/35 Целиусови степени.

и во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Од сабота ќе има услови за нестабилност на повеќе места во земјата. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.