Сончево со температура до 33 степени

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.