Сончево со умерена облачност, попладне дожд

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната температура ќе се движи од 11 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 20 степени.

Во петок во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.