Сончево со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од – 2 до три, а максималната од пет до 11 степени.Во Скопје слично време со температура од нула до осум степени.

До крајот на неделата ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. утринските температури наместа ќе бидат негативни, најниски во вторник, од -6 до два степена. Под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, исто и дневните кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.