Сончево време со слаб ветер

Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде времето денес. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утре ќе имаме претежно облачно време со слаб јужен ветер, по одделни котлини со услови за утринска магла.

Во петок не’ очекува променливо облачно време, по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините од снег. Слично време е најавено и за во сабота.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.