Сончево време со температура до 15 степени

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

И во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура во сабота ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 14 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од 12 до 20 степени. Дневната температура ќе биде во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела и ќе се движи во интервал од 15 до 22 степена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.