Сончево време со умерена облачност

Сончево време со умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Стабилно и суво време за викендот

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови на места ќе има спуштање на температурата под нулата. Во сабота наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. За време на викендот ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста.