Сончево време, температура до 18 степени

Сончево време со мала до умерена облачност денес се очекува во Македонија.

Во утринските часови во некои котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 20 степени.

И во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе се задржи претежно стабилно време.

Во среда и во четврток ќе има зголемена облачност кога не е исклучена и изолирана појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, додека дневната ќе бележи благо опаѓање. Во четврток се очекува да се движи од 12 до 17 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.