Сончева со мала локална облачност

Времето во средата во Македнија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје и околината ќе биде  сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава.

Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.