Сончево до +35, слично и до крајот на неделава

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура до 35 степени.  Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

И до крајот на неделава треба да имаме претежно сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер и со слични температури на денешната.