Сончево и многу топло со температури близу 40 степени

Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 Целзисови степени. УВ индексот ќе има висока вредност 9.

Во Скопје и околината денеска ќе биде  сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 Целзиусови степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.

Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.