Сончево и многу топло со температури до 38 степени

Денеска времето во цела Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец,  а УВ индексот ќе биде 8.

Под влијание на многу топла воздушна маса, денес и утре ќе биде многу топло со натпросечни дневни температури, при што во најголем дел од земјава температурата ќе надмине 35 Целзиусови степени. Скопје 35, Маврово 29, Охрид 32, Битола 34, Крива Паланка 33, Берово 32, Кавадарци 36, Дојран 38.