Сончево и натпросечно топло со температури до 43 степени 

Во петокот во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималната температура се движи во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има висока вредност 9.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 Целзиусови степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време, до 6-ти авгкуст, со натпросечни температури за овој период од годината.

Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен.