Сончево и релативно топло преку ден, вечерта снег

Во текот на денот сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Утринските температури се движат од минус 2 до 5 степени, а дневните до максимални ќе достигнат до 9 Целзиусови степени.

За утре метеоролозите најавуваат претежно облачно и студено време со локални врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.