Сончево и релативно топло со температури до 20 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 18 Целзиусови степени, Маврово 9, Охрид 14, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 19, Дојран 20.

Утре времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 11 степени.