Сончево и студено со мала облачност, пад на температурите

Времето во четвртокот во Македонија ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а волж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура е во интервалот од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 Целзиусов степен.

Следните денови минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денеска и во петок кога наместа ќе се спуштаат и под -10 степени.

Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.