Сончево и топло денеска, температурата до 23-от степен

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за локален дожд, особено во западните предели.

Утринските температури се движат од нула до шест, а дневните ќе се движат од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 21-от степен.