Сончево и топло до 20 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.

Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени.

Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.