Сончево и топло до 26 степени

Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум степени, а дневната температура ќе се движи од 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а а дневната температура до 23 степени.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.