Сончево и топло со температура до 35 степени

Времето денска ќе биде сончево и топло. Повремено ќе дува засилен ветер од западен правец, особено во југозападниот дел од земјава. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност.

Температурата ќе се движи од 25 до 35 Целзијусови степени.

Во Скопје и околината сончево и топло, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часови и со температура до 33 Целзијусови степени.

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.