Сончево и топло со температури до 20 степени

Сончево и топло со мала, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

И во недела времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.