Сончево и топло со температури до 38 степени, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. В петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.