Сончево и топло со умерена облачност, попладне нестабилно со краткотрајно невреме

Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 8 и 14, а максималните дневни соодветно ќе бидат од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град. Температураа ќе достигне до 28 степени.

Во сабота времето ќе биде претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.