Сончево и топло време цела недела

Сончево и топло време ќе не’ очекува во текот оваа недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Умерен ветер и благ пад на температурата се очекува кон крајот на оваа работна недела.

За утре, според најавите, времето ќе биде сончево со температура од 16-от степен во Маврово до максимални 24 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 22 степени.

Во текот на следните денови ќе се задржи слично време со температура до 23 степени.