Сончево и топло време – од среда температури над 40 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните планински подрачја ќе има услови за изолиран пороен дожд и појава на ретки грмежи. УВ=8.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 степени, а дневните до максимални 38 степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 37 степени.

За утре метеоролозите најавуваат сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и температури до 39 степен.

Од среда се најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9, а температурите до 41 степен.