Сончево и топло време со температури до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а дневните ќе достигнат максимални 28 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со мала облачност, максималната температура е 26 степени во главниот град.

За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала локална облачност и релативно топло. Наутро ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.